Објавено на 05 Декември, 2024 во Лиценцирање, Вести, Семинари
Одделението за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во рамки на програмата за поддршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за добивање лиценца за УЕФА натпреварувањата, како и натпреварувањата од националниот шампионат (Прва МФЛ, Втора МФЛ и Прва ЖМФЛ) одржа шестдневна работилница (25.11.2024 - 02.12.2024.) во „Куќа на фудбалот“.
На оваа работилница учество земаа лицата кои се овластени од своите клубови за процесот на лиценцирање, како и генералните секретари на клубовите кои во сезона 2025/26 ќе се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА и натпреварите од Националниот шампионат.
Во рамките на работилницата, учесниците ги дискутираа следните теми и активности:
Целта на овие работилници / обуки е да им овозможи на учесниците потребните вештини и знаења за да може нивниот клуб да помине успешно низ процесот на клупско лиценцирање, да го оптимизираат своето работење и да ја поддржат одржливоста на клубот. По завршувањето на обуката, тие ќе бидат подготвени да ги исполнат сите критериуми и да се соочат со предизвиците на патот до успешен процес на лиценцирање.
Александра Ѓурчиновска - оддел за клупско лиценцирање
„Процесот на лиценцирање на клубови кои учествуваат посебно во натпреварувањата на УЕФА е клучен за обезбедување на високи стандарди во европскиот фудбал. Овој процес не само што гарантира дека клубовите ги исполнуваат стандардите за учество во меѓународните натпреварувања, туку истовремено обезбедува и одржување на интегритетот и квалитетот на натпреварите, што е од суштинско значење за развојот на фудбалот на сите нивоа.
Како Фудбалска федерација на Македонија, нашата улога во овој процес е од големо значење. Нашата поддршка и помош за клубовите да се подготват за лиценцирање не само што ги олеснува овие напори, туку и значително придонесува за нивната успешност во меѓународните натпреварувања.
Нашата улога е да ги поддржиме клубовите преку различни обуки, консултации и техничка помош за да ги исполнат строгите критериуми за УЕФА и национално лиценцирање. Ова не само што им помага на клубовите да се квалификуваат за учество во европските натпреварувања, туку исто така обезбедува и долгорочен развој и стабилност на македонскиот фудбал. Секој напор вложен во поддршка на клубовите е инвестиција во иднината на спортот, што ќе придонесе за подобар квалитет на натпреварите и за развој на фудбалската култура во Македонија“.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....