Првиот ноќен меч во Скопје

Објавено на 09 Јуни, 2014 во Фудбалски Асови


Сигурно дека љубителите на фудбалот во Скопје, особено оние младите, ги интересира кога е одигран првиот ноќен натревар во Скопје. Дали тоа беше Градскиот стадион под рефлектори, или е одигран на некој друг терен?

Според пишаните документи што се пронајдени во веќе пожолтените страници на тогашниот, единствен, дневен весник „Нова Македонија“ првиот ноќен натревар е одигран во далечната 1946 година,  на 20 јуни. Според малкуте податоци до кои дојдовме, се сретнале Македонија и Работнички (1:0). Во тоа време на спортските странци не пишуваше толку опширно за фудбалот, ниту за другите спортови. Затоа ќе биде интересно да се напишише како е одигран тој натпревар, особено што многу години подоцна на Градскиот стадион беа монтирани рефлектори.

Да се одигра ноќен натревар, прв по ослободувањето ан Скопје, беше голема желба на љубителите на фудбалот во нашиот главен град. На тогашното, па и сегашното игралиште на Работнички покрај Градскиот стадион беа поставени 14 рефлектори од 1400 и 1600 лукса, позајмени од МНТ. Македонскиот народен театар беше на другата страна на Вардар, во непосредна близина на спортскиот центар Кале и беше урнат по катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година. Бандерите за нивното поставување, беа сопственост на Градските претпријатија на Пошта, телеграф и телефон (ПТТ), а за електричните работи беше задолжено претпријатијето ФЕП (Федерално електрично претпријатије). Се ова беше бесплатно, зарем некој може да побара пари за ваков спектакал.

Сведок и актер на тој прв ноќен натревар во Скопје по војната беше играчот на Македонија, професор Стево Цветковиќ. подоцна играч на Вардар.-Имаше многу гледачи околу игралиштето. Иако рефлекторите беа мошне силини, на одделни делови од теренот топката не се гледаше најдобро. Пред почетокот на натреварот беше обоена со бела боја, но и тоа не помагаше многу. Беше нависитна многу интересно, незаборавно, натревар за кој долго се раскажуваше, бидејки во тоа време да се игра фудбал под рефлектори беше вистинска атракција. Саво Цветковиќ не се сеќава кој го има постигнато гол за Македонија. Тој податок не е забележан ниту во весникот Нова Македонија, каде само е регистриран резултатот. Во текстот е поместена и куса информација за техничките работи околу поставување на бандерите и рефлекторите.

Иако помина повеќе од 60 години Саво Цветковиќ се сеќава на тој состав. Играа: Драган Геров, Славко Димитровски, Васко Кокиновски-Макара, Цветан Давитковски, Ацо Ивановски, Борис Димовски, Христо Георгиевски, Благоја Петровски-Бела, Стојан Богоевски-Гајда, Гота Сазаир и Саво Цветковиќ. Да потсетиме дека, една година подоцна, Саво Цветковиќ беше стрелец на двата решавачки гола за Вардар, во квалификаците за влегување во Првата лига против Слога (подоцна Војводина) во Нови Сад. Вардар стана член на првата лига во поранешна Југославија. Не е познат составот на Работнички, но според сеќавањата на постарите љубители на фудбалот во Скопје играле: Цветан Бачваровски, Миле Михајлов, Шпире Петровски, Илија Игњатовски, Владо Димитровски, Душко Стефановски, Никола Таневски, Тоше Венинов, Чедо Ханџиски, Стефче Димитровски, Стојан Видевски и Ацо Тодоровски.



   
   
А репрезентација