Продажба на билети за Лихтенштајн - Македонија од квалификациите за СП 2026

Објавено на 22 Февруари, 2025 во Билети, Вести


Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Македонија - Лихтенштајн (22. март, Вадуц) од квалификациите за СП 2026 се пуштени во продажба преку платформата на Фудбалската федерација на Лихтенштајн: 

 www.heimspiel.li 

Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи (вкупно 1232 места) по цена од 15 швајцарски франци. 

Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски поддржувачи) чинат 35 швајцарски франци. 

Во продолжение, може да го преземете целосниот концепт за продажба и дистрибуција на билети за натпреварот, како и секторите на стадионот наменети за домашна и гостинска публика. 

Ticketing Concept - EQ 2026 Away Team MKD.pdf 



   
   
А репрезентација