Продажба на билети за финалето на Купот на Македонија

Објавено на 15 Мај, 2025 во Билети, Вести


Финалето на Купот на Македонија меѓу ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум ќе се одигра на 21. мај (среда) 2025 година, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Продажбата на билети започнува денеска и се одвива електронски преку платформата на ФФМ, eticket.ffm.mk.

Цената на билетите е 100 денари (јужна и северна трибина) и 50 денари за западна трибина (наменета за навивачите на ФК Вардар). 

Поддржете го вашиот клуб и уживајте во вистински фудбалски празник. 





   
   
А репрезентација