Објавено на 08 Април, 2025 во Вести, Семинари
Пред пополнување на пријавата, Ве замолуваме внимателно да ги прочитате критериумите за учество на УЕФА ПРО курсот, кои се детално објаснети во документот (линкот) подолу, со цел сите заинтересирани кандидати да утврдат дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Ве информираме дека Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија објавува конкурс за пријавување на кандидати за УЕФА ПРО курсот.
Доколку не се пополни предвидената квота, конкурсот ќе остане отворен 7 дена. Секој заинтересиран кандидат мора да го пополни онлајн прашалникот, кој ќе биде достапен најдоцна до вторник, 15 април 2025 година. Натамошната комуникација поврзана со курсот ќе се одвива исклучиво преку е-пошта и само со кандидатите кои уредно го имаат пополнето прашалникот.
Неправилно или ненавремено пополнет прашалник ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА ПРО курс.
До пријавата може да се пристапи преку следниот линк:
Кандидатите кои ќе го пополнат онлајн прашалникот и кои ќе ги исполнат минималните и дополнителните критериуми, ќе бидат повикани на интервју пред комисијата на Едукативниот центар. Дополнително, конечната ранг листа ќе се формира според бодување во четири главни области на тренерската активност, и тоа:
Општо образование
Играчка кариера
Тренерско искуство со УЕФА А лиценца
Успешност во работата
За евентуални нејаснотии или дополнителни прашања пред аплицирање, можете да се обратите на следниот е-маил:
slavisha.karovchevski@ffm.com.mk
„Голема одговорност, но и огромна привилегија“...