Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини оствари официјална средба со Збигњев Боњек, првиот човек на Фудбалската федерација на Полска

Објавено на 07 Јуни, 2019 во Вести


Спроти вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу македонската и полската репрезентација од циклусот за ЕУРО 2020.официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и првиот човек на Фудбалската асоцијација на Полска, Збигњев Боњек. 

-Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од големи фудбалски асоцијации, како полската и великани на светскиот фудбал, како што е претседателот на федерацијата на Полска, Збигњев Боњек. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, а ние како раководство секогаш ќе бидеме посветени на негова промоција. За нас е задоволство кога луѓе како Боњек го вреднуваат нашиот труд и со почит гледаат на тоа што го работиме. Поддршката која ни ја даваат, а не е само декларативна, е многу значајна за нас. Едноставно, ја препознаваме вредноста и улогата на фудбалот и се бориме заедно да го подобриме фудбалскиот амбиентистакна во Муамед Сејдини, претседател на ФФМ. 

На состанокот беа присутни влијателни луѓе од фудбалот во Полска, а Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа и потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, членот на У.О. на ФФМ, Марјан Стојкоски и заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу. 




   
   
А репрезентација