Пораз од Унгарија во пријателската пресметка

Објавено на 26 Ноември, 2014 во А репрезентација жени


Во денешниот натпревар во Телки нашата А женска национална репрезентација загуби од домаќинот унгарија со резултат од 8:0 (3:0).

Селекторот натпреварот го започна вио следниот состав: Арсова Олгица – голман, во нападот играа Салихи Афродита и Рочи Гентјана, во средниот ред Милевска Катерина, Андреевска Ленче, Андонова Сијче, Андонова Наташа, додека во одбраната играа Атанасова Станкица, Костова Драгана, Тодоровска Моника, Арсова Милка. 

На овој натпревар селекторот им даде шанса да настапат на сите фудбалерки, ги искористи сите 6 измени, не направи измена само на голманската позиција. 

Головите за Унгарската репрезентација ги постигнаа:Јакабфи Зсанет од пенал во 14мин, Сипос Лила во 18 и 75 и 83 мин, Зелер Дора во 28 мин, Хумел Смуцзер Ангела во 60мин од пенал, Ваго Фани во 69 мин и Сцизар Хенриета во 81 мин.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација