Полска - Македонија на стартот од квалификациите за пласман на ЕП

Објавено на 07 Февруари, 2025 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година на извлекување во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.

Во првото коло од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ на гостински терен ќе се соочат со селекцијата на Полска. Првиот домашен натпревар го играме против топ фаворитот во групата, селекцијата на Италија.

Во продолжение, комплетниот распоред на натпревари на Македонија до 21 година во групата Е од квалификациите за ЕП 2027: 

1. коло:   Полска - Македонија   5.септември

2. коло:   Македонија - Италија  9.септември

3. коло:   Македонија - Ерменија 10. октомври

4. коло:   Црна Гора - Македонија 14. октомври

5. коло:   Македонија - Шведска    13.ноември

6. коло:   Македонија - Полска       18. ноември

7. коло:  Италија - Македонија    26.март 2026

8. коло:   Ерменија - Македонија   31. март 2026

9. коло:   Македонија - Црна Гора   1.октомври 2026

10. коло: Шведска - Македонија     5.октомври 2026



   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација