Објавено на 30 Октомври, 2024 во Вести, А репрезентација жени, До 19 год жени
Македонската А женска репрезентација одигра два натпревари против Молдавија во рамки на тренинг кампот во Банско, Бугарија (21. - 29. октомври). Нашата најдобра женска селекција славеше со 1:0 на првиот меч со гол на Улза Максути, додека молдавките со истиот резултат запишаа победа на реванш натпреварот.
А репрезентација и селекторот Андов го искористија овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус заженската Лига на нации и Европските квалификации за 2026 година кој започнуваат во февруари следната година, а извлекувањето на групите е закажано на 7. ноември во Нион, Швајцарија.
На тренинг кампот во Банско, македонската женска селекција до 19 години одигра два меча против домашната репрезентација. Бугарија славеше со 1:0 на воведниот и 3:0 на вториот натпревар. Репрезентацијата на Астрит Мерко се подготвува за квалификацискиот турнир во Португалија од 27. Ноември до 3. декември во лига А, рунда 2.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....