ОФС Прилеп победник во натпреварувањето меѓу репрезентациите од Општинските фудбалски Сојузи

Објавено на 22 Мај, 2015 во Вести

Репрезентацијата на ОФС Прилеп славеше победа од 3:0 против ОФС Скопје во финалниот натпревар одигран на Градскиот стадион во Велес.

Селекцијата на ОФС Прилеп одигра подобар натпревар, беше поквалитетен противник од скопскиот состав во текот на сите 90. минути и заслужено оствари убедлив триумф од 3:0. Ернад Рамичевиќ беше стрелец на водечкиот погодок во 18. минута, а неговиот тим преку Музафер Алиоски пропушти одлична можност за нов гол и удвојување на предноста уште во првото полувреме. Во продолжението, ОФС Прилеп постигна два гола за две минути и го реши прашањето околу победникот во натпреварувањето. Музафер Алиоски во 72. минута и Армин Потурак две минути подоцна беа стрелци на головите за 3:0. Во составот на ОФС Скопје најубавата шанса за погодок не ја реализираше Симеон Коцески.

ОФС ПРИЛЕП: Димовски Жарко, Еминоски Темур, Пажик Јани, Ќушкоски Мартин, Николовски Диме, Рамичевиќ Ернад, Бошковски Роберт, Алиоски Музафер, Фетаховиќ Амел, Митрески Благојче, Јусуфоски Бекташ.

ОФС СКОПЈЕ: Аврамовски Бобан, Ѓуроски Бранко, Аврамовски Даниел, Блашески Љупчо, Крстоски Даниел, Милески Мартин, Шкриељ Јасмин, Шкриељ Санел, Амети Газменд, Блажески Филип, Хасани Ерџан.

На натпреаврувањето меѓу репрезентациите од Општинските фудбалски сојузи кое годинава го имаше свето прво издание, ОФС Битола го освои третото место, селекцијата од ОФС Пробиштип заврши на четвртото место, додека петти беа репрезентативците од ОФС Тетово.





   
   
А репрезентација