Одредени терените за одигрување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ

Објавено на 29 Мај, 2014 во Вести

Комисијата за натпревари на ФФМ ги определи терените на кои ќе бидат одиграни нокаут натпреварите од баражот за пополнување на Втората Македонска Фудбалска Лига.

Сите натпревари ќе бидат одиграни во сабота, 31.05.2014 година со почеток во 16.00 часот.

РбДомаќинГостинМесто на одигрување
1Кожуф (Миравци)Гоблен(Куманово)Тренинг центар ФФМ
2Зајази (Зајас)Младост (Царев Двор)Борис Трајковски - Маџари
3ПобедаЈуниор(Прилеп)Влазерими(Кичево)Ѓорче Петров
4Вардар(Неготино)Беласица(Струмица)

Стадион Чаир Скопје

Во оваа фаза од бараж натпреварувањето ќе биде одигран по еден нокаут натпревар. При евентуален нерешен резултат, победникот ќе биде определен со одигрување на продолженија, од два пати по 15 минути. Доколку по продолженијата резултатот остане нерешен, ќе се премине на изведување пенали. Екипите кои ќе поминат во следната фаза ќе играат по два натпревари (дома - гости), повторно на неутрален терен. Двојките ќе бидат познати по извлекувањето закажано за понеделник, 02.06.2014 година.




   
   
А репрезентација