Објавено на 12 Јули, 2023 во Одлуки, Вести
На седницата на Управен одбор одржана на ден 12.07.2023 година се донесоа следните одлуки:
Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24.
Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.
Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.
По истекот на вториот четиригодишен мандат на Генералниот секретар Филип Поповски, Управниот одбор го констатираше престанокот на законски утврдениот максимален мандат.
На седницата на Управниот одбор за нов Генерален секретар се назначи Наталиа Илиевска Божиновска вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.