Објавено на 03 Јуни, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Вареловски Александар ,со ИД број 101798 исклучен во 75 минута поради особено груба игра на натпреварот од 33 коло од Прва МФЛ помеѓу ФК Хоризонт Турново и Ф.К.Работнички одигран на ден 18.05.2014 во 15:00 на стадионот во Турново, согласно член 41 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 ( три) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 19.05.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Напредок“ од Кичево, Велјановски Бобан ,со ИД број 100305 исклучен во 58 минута поради удирање на шлаканица на противнички фудбалер на натпреварот од 33 коло од Прва МФЛ помеѓу ФК Напредок и Ф.К.Ренова одигран на ден 18.05.2014 во 15:00 на стадионот во Кичево, согласно член 42 став 2 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 5 ( пет) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 19.05.2014 година
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија – Тетово поради слаба организација – удирање на помошниот судија со цврст предмет од страна на публиката на натпреварот од 33 коло со ФК Пелистер одигран во Тетово на 18.05.2014. Се задолжува ФК Шкендија од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар – Скопје поради насилничко однесување на навивачката група Комити во тек на натпреварот од 33 коло со ФК Брегалница 2008 со што е предизвикан 8 минутен прекин на натпреварот одигран во Штип на градскиот стадион на 18.05.2014. Се задолжува ФК Вардар од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Фудбалерот на Ф.К. “11 Октомври“ од Прилеп, Гоноски Николче ,со ИД број 102166 исклучен во 26 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 30 коло од Втора МФЛ помеѓу ФК Новаци и Ф.К.11 Октомври одигран на ден 17.05.2014 во 16:30 на стадионот во Новаци, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 18.05.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Скопје“ од Скопје, Даневски Мартин ,со ИД број 112023 исклучен во 77 минута поради удирање на противнички фудбалер со нога во игра на натпреварот од 30 коло од Втора МФЛ помеѓу ФК Тетекс и Ф.К.Скопје одигран на ден 17.05.2014 во 16:30 на стадионот во Ѓорче Петров, согласно член 41 сдтав 2 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 ( три) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 18.05.2014 година
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Победа Јуниор – Прилеп за слаба организација – ненавремено обезбедување на амбулантно возило согласно правилникот за натпревари на натпреварот од 30 коло од Втора МФЛ со ФК Дрита одигран во Прилеп на градскиот стадион на 17.05.2014. Се задолжува ФК Победа Јуниор од Прилеп - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Дрита – Боговиње поради одбивање да се започне натпреварот согласно утврдениот термин за почеток на натпревари во 30 коло од Втора МФЛ со ФК Победа Јуниор одигран во Прилеп на градскиот стадион на 17.05.2014. Се задолжува ФК Дрита од Боговиње - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Тиверија – Струмица поради неоправдано задоцнето доаѓање на натпреварот од 30 коло од Втора МФЛ со ФК Врапчиште одигран во Струга на градскиот стадион на 17.05.2014. Се задолжува ФК Тиверија од Струмица - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Фудбалерот на Ф.К. “Влазерими “ од Кичево, Јусуфи Беким ,со ИД број 113788 исклучен во 28 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на бараж натпреварот за пополнување на Втора лига помеѓу ФК Победа Јуниор и Ф.К.Влазерими одигран на ден 31.05.2014 во 16:00 на стадионот во Штип, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 18.05.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Влазерими “ од Кичево, Османи Фљамур ,со ИД број 103456 исклучен во 113 минута поради удирање на фудбалер со нога на бараж натпреварот за пополнување на Втора лига помеѓу ФК Победа Јуниор и Ф.К.Влазерими одигран на ден 31.05.2014 во 16:00 на стадионот во Штип, согласно член 41 став 2 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 ( три) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 01.06.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Влазерими “ од Кичево, Рамадани Муамед ,со ИД број 114305 исклучен во 114 минута поради неспортски однос – плукање на противнички фудбалер на бараж натпреварот за пополнување на Втора лига помеѓу ФК Победа Јуниор и Ф.К.Влазерими одигран на ден 31.05.2014 во 16:00 на стадионот во Штип, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 ( два) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 01.06.2014 година
Се поведува дисциплинска постапка против ФК „Победа Јуниор“ од Прилеп поради неспортско националистичко однесување на својата навивачка група за времетраењето и по завршувањето на бараж-натпреварот против ФК„Влазерими“ Кичево и употреба на пиротехника, на бараж натпреварот за пополнување на Втора МФЛ одигран на 31.05.2014 во Штип. Се задолжува ФК „Победа Јуниор“ од Прилеп - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК „Вардар“ од Неготино поради неспортско однесување на својата навивачка група – фрлање на тврди предмети во терен за времетраењето на бараж-натпреварот против ФК„Беласица“ Струмица, одигран на 31.05.2014 во Ѓорче Петров.
Се задолжува ФК „Вардар“ од Неготино - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК „Беласица“ од Струмица поради неспортско однесување на својата навивачка група – фрлање на пиротехнички матерјали во терен за времетраењето на бараж-натпреварот против ФК„Вардар“ Неготино, одигран на 31.05.2014 во Ѓорче Петров. Се задолжува ФК „Беласица“ од Струмица - овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Тренерот на Ф.К.Работнички од Скопје Ангеловски Игор се казнува со дисциплинска мерка опомена поради водење на својата екипа на натпреварот од 29 коло прва МФЛ Ф.К.Работнички – Ф.К.Металург одигран на ден 23.04.2014 година со несoодветна лиценца што е во спротивност на Пропозициите за натпреварување на ФФМ член 17 став 6 а во врска со член 87 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.
Тренерот на Ф.К.Металург од Скопје Захариевски Срѓан се казнува со дисциплинска мерка опомена поради водење на својата екипа на натпреварот од 29 коло прва МФЛ Ф.К.Работнички – Ф.К.Металург одигран на ден 23.04.2014 година со несоoдветна лиценца што е во спротивност на Пропозициите за натпреварување на ФФМ член 17 став 6 а во врска со член 87 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 48 став 1 а во врска со член 3 и 8 , од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација користење на пиротехнички матерјал , запалени бакљи на трибина на натпреварот од 29 коло прва МФЛ: Ф.К.Вардар – Ф.К.Пелистер одигран на ден 23.04.2014 година во Скопје.
Ф.К.Врапчиште од Врапчиште се казнува со забрана на играње на 7(седум) натпревари без присаство на публика на свој терен како домаќин на првенствени или куп натпревари и парична казна од 2500 (двеилјади и петстотини евра) во денарска противвредност согласно член 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.
Казната тече од 03.06.2014 година
Одиграните натпревари под суспензија на Ф.К.Врапчиште од Врапчиште како домаќин (со Ф.К.Кожуф-Миравци на ден 06.05.2014 година во Струга 28 коло и со Ф.К.Тиверија на ден 17.05.2014 година во Струга 30 коло) се засметуваат во рамките на казната изречена под точка 1 од оваа Одлука.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....