О Д Л У К И СОСТАНОК НА ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА НА ФФМ 26.11.2014

Објавено на 26 Ноември, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште Сали Ерсен,со ИД број 102496 исклучен во 88 минута поради неспортски однос – втор жолт картон на натпреварот од 14 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Врапчиште одигран на ден 22.11.2014 во 13:00 часот на стадионот на Миравци воМиравци,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  23.11.2014 година

Фудбалерот на Ф.К. “Шкупи 1927“ од Скопје Нухији Ардијан,со ИД број 105211 исклучен во 44 минута поради намерна игра со рака – втор жолт картон на натпреварот од 14 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкупи 1927 – Ф.К.Младост одигран на ден 22.11.2014 во 13:00 часот на стадионот на Чаир во Скопје,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  23.11.2014 година

Тренерот на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште Касиоски Сали, исклучен-отстарнет од терен во 88 минута поради вулгарно и навредливо однесување кон главниот судија и првиот помошен судија на натпреварот од 14 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Врапчиште одигран на ден 22.11.2014 во 13:00 часот на стадионот на Миравци воМиравци,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од  2 (два) месеци.

Казната тече од  23.11.2014 година

Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Шкупи 1927“ од Скопје  поради  слаба организација:

a)  Поради употреба на пиротехнички средства на навивачката група “Шверцери“ во текот на натпреварот Ф.К.“Шкупи 1927“ – Ф.К.“Младост“ одигран на ден 22.11.2014 во 13,00 часот во Скопје, стадоон Чаир , поради што се предизвикани два прекини на натпреварот и поради истакнување на транспарент со националистичка содржина.

Се задолжува ФК“ Шкупи 1927“ од  Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна  од 500 (петстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 51став 5 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради користење на пиротехнички средства на навивачката група “Комити“ на натпреварот од 15 коло прва МФЛ: Ф.К.“Вардар – Ф.К.“Металург“ одигран  на ден 09.11.2014 година на арена Филип втори во Скопје.

Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна  од 500 (петстотини ) евра, врз основа на член 51став 5, а во врска со член 29 став 2 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради користење на пиротехнички средства – бакли и предмети  на навивачката група “Балисти“ на натпреварот од 14 коло прва МФЛ: Ф.К.“Ренова“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран  на ден 01.11.2014 година на градскиот стадион во Тетово.





   
   
А репрезентација