О Д Л У К И - СОСТАНОК ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА 12.03.2015

Објавено на 12 Март, 2015 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште Мециновиќ Јасмин,со ИД број 117713 исклучен во 24  минута поради недозволен непосреден контакт со противнички фудбалер на натпреварот од  19 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Ренова  – Ф.К.Брегалница2008  одигран на ден 10.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Тетово,  согласно со член 40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) натпревари.

Казната тече од  11.03.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Ислами Бујар тренер на Ф.К.“Ренова“ од Џепчиште одстранет од терен  во 75 минута  поради неспортско  однесување спрема главниот  судија на натпреварот од 19 коло  од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Ренова – Ф.К. Брегалница 2008 одигран на ден 10.03.2015 во 14:00 на градскиот стадион во Тетово.

 Тренерот Ислами Бујар  СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 12.03.2015 година.

Се задолжува Ислами Бујар Тренер на Ф.К.“Ренова“ од Џепчиште да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Најдовски Филип,со ИД број 100816 исклучен во 52 минута поради неспортско однесување – втор жолт картон  на натпреварот од  19 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс  – Ф.К.Тетекс  одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Кратово,  согласно со член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) натпревар

Казната тече од  12.03.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Начевски Драган,со ИД број 100288 исклучен во 78 минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол  на натпреварот од  19 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс  – Ф.К.Тетекс  одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Кратово,  согласно со член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) натпревари.

Казната тече од  12.03.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Реџепи Џенгис шеф на стручен штаб на Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од Миравци одстранет од терен  во 45 минута  поради неспортско - недолично однесување на натпреварот од 19 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К. Младост одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 на игралиштето во Миравци.

 Шефот на стручниот штаб Реџепи Џенгис СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 12.03.2015 година.

Се задолжува Реџепи Џенгис шеф на стручниот штаб на Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од  Миравци да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Штерјов Васил претставник на Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од Миравци одстранет од терен  во 45 минута  поради неспортско - недолично однесување на натпреварот од 19 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К. Младост одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 на игралиштето во Миравци.

 Претставникот Штерјов Васил СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 12.03.2015 година.

Се задолжува Штерјов Васил претставник на Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од  Миравци да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Скопје“ од Скопје, Алексовски Ѓоко,со ИД број 102629 исклучен во 59  минута поради недозволен старт – втор жолт картон  на натпреварот од  16 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Велазерими  – Ф.К.Скопје  одигран на ден 10.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Кичево,  согласно со член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) натпревар

Казната тече од  11.03.2015 година.

Се поведува  дисциплинска постапка против фудбалерот на Ф.К. “Младост“ од Царев Двор, Вељаноски Наум,со ИД број 100591 исклучен-пријавен по завршување на натпреварот поради удирање на противнички фудбалер  на натпреварот од  16 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија  – Ф.К.Младост  одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Миравци.

Фудбалерот Вељаноски Наум СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 12.03.2015 година.

Се задолжува Вељаноски Наум фудбалер на Ф.К.“Младост“ од  Царев Двор да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација