Нова убедлива победа на женската репрезентација на Македонија до 19 години на квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено на 07 Април, 2023 во Вести, До 19 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години забележа нова убедлива победа во второто коло на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", денеска беше надиграна селекцијата на Гибралтар и беше издвојувана нова убедлива победа со 3:0. Избраничките на селекторот Астрит Мерко сосема заслужено ја остварија втората победа од два одиграни натпревари на овој квалификациски турнир.

Панеска рано во 11. минута го отвори резултатот на денешната средба. Села во 22. минута го зголеми водство на Македонија и ја навести новата победа.

Во продолжението од мечот, поточно во 48. минута, Панеска погоди уште еднаш, за убедливи и конечни 3:0.

Во претходното коло, младата репрезентација на Македонија славеше убедлива победа над Грузија со 4:0.

Астрит Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по 100 пат ја водеше женската репрезентација на Македонија до 19 години.

Македонија: Кабакчи, Блажевска, Головска, Мојсоска, Далипи, Ристовска, Стаблева, Села, Велиу, Сулејмани, Панеска;

Селектор: Астрит Мерко;






   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација