На победа! Против Луксембург мораме да бидеме на највисоко ниво

Објавено на 04 Септември, 2015 во Вести, Вести

Во седмиот настап во квалификациите за Европското првенство, македонската А репрезентација утре на гостински терен против Луксембург ја бара втората победа во циклусот за ЕУРО 2016.

Натпреварот од вториот круг меѓу двете репрезентации во Скопје го добивме со 3:2 со голот на Бесарт Абдурахими во 90. минута. Луксембург во тековните квалификации освои бод од натпреварот со Белорусија на домашен терен.

-Со оглед на проблемите со кои се соочивме поради повреди (Адеми, Силјановски, Костовски) или суспензија на играчите (Хасани, Димитровски) сметам дека квалитетно го одработивме тоа што можевме од почетокот на подготовките, најмногу да го подигнеме мотивот и позитивното расположение во тимот. На теренот треба да изгледаме тимски, колективот треба да не води кон победа. Луксембург е многу важен натпревар за нас и ќе направиме се за да победиме. Ни недостасуваат неколку важни играчи, но верувам во овие момци, имаме квалитет и се надевам дека ќе го покажеме тоа што го носиме во себе. Луксембург воопшто не е наивна репрезентација, напротив, тоа го потврдија во овие квалификации. Компактно се бранат, во тимот владее многу поразличен дух во однос на минатото, сега имаат и поголема самодоверба, играат на домашен терен, но многу работи зависат од нас. Ако одиграме според договореното, дисциплинирано и тимски ќе се радуваме на победа, изјави селекторот на А репрезентацијата Љубинко Друловиќ.


Победа на утрешниот натпревар значи многу за нас, посебно спроти спектаклот во Скопје против Шпанија, против Луксембург треба да одиграме на највисоко ниво, смета Ванче Шиков.

-Сигурно дека многу работи зависат од нас, но мораме да кажеме дека Луксембург е поразлична екипа во однос на изминатите години. Одиграа неколку добри натпревари во квалификациите, вклучувајќи го и дуелот во Скопје. Тоа покажува дека напредуваат и дека утрешната пресметка нема да биде лесна. Свесни сме дека победата ни значи многу и верувам дека ќе ја оствариме. Добро трениравме, има добра атмосфера и се надевам дека тоа ќе го пренесеме на теренот, вели Шиков. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација