Муамед Сејдини: Секогаш ќе се бориме за решенија кои му помагаат на фудбалот

Објавено на 05 Декември, 2018 во Вести


Муамед Сејдини , в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ на работен состанок ги пречека градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу и Охрид, Јован Стојаноски, општини кои заедно со ФФМ се дел од новиот инфраструктурен проект за реконструкција и изградба на две трибини на стадионите „Чаир“ и „Билјанини Извори“.

Раководството на ФФМ одржа конструктивен ссотанок околу заедничкиот проект со двете општини поврзан со подобрување на фудбалската инфраструктура.

Првите луѓе во општините Чаир и Охрид и в.д. претседателот на ФФМ се согласија околу важните прашања поврзани со изградбата на трибините и заклучија дека соработката меѓу локалната самоуправа и федерацијата мора да се продлабочи и да постои заеднички интерес кога е во прашање понатамошниот развој на спортската инфраструктура.

-Во Фудбалската федерација размислуваме позитивно и контструктивно. Затоа овие проекти се насочени кон тоа да ја подобриме не само инфраструктурата на стадионите, туку и да го унапредиме нашиот однос со општините во државата сѐ со цел во иднина да соработуваме и за многу поголеми проекти. Мораме да сфатиме дека инфраструктурата е тоа што ќе остане, верувам дека тој начин на размислување и делување во вистинска смисла го сфаќаат сите кои се вклучени во оваа работа. Им благодарам на двајцата градоначалници за довербата и се надевам дека нашиот однос само ќе го унапредуваме, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, претходно доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти за двата стадиони од страна на Фудбалската федерација на Македонија. 




   
   
А репрезентација