Младата репрезентација во група со Франција, Шкотска, Северна Ирска, Исланд, Украина

Објавено на 05 Февруари, 2015 во Вести, До 21 год

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на извлекување во Нион ги доби противниците во квалификациите за Европското Првенство во Полска 2017 година.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат во групата 3 со  селекците на Франција, Шкотска, Северна Ирска, Исланд и Украина.

Победниците од секоја група обезбедуваат директен пласман на Европското првенство во Полска 2017, додека четирите најдобро второпласирани репрезентации ке играат дополнителен бараж за за место на европски шампионат. Квалификациите ги отвораме на 11. јуни на гостување во Исланд.

11.06.2015         Исланд-Македонија

05.09.2015         Македонија-Украина

13.10.2015         Северна Ирска-Македонија

15.11.2015         Македонија-Франција

24.03.2016         Македонија-Исланд

28.03.2016         Франција-Македонија

27.05.2016         Украина-Македонија

02.09.2016         Шкотска-Македонија

06.09.2016         Македонија-Северна Ирска

08.10.2016         Македонија-Шкотска 




   
   
А репрезентација