Објавено на 14 Мај, 2014 во Вести, До 17 год
Макeдонската репрезентација до 15 години е минимално поразена со 0-1 во првата средба со Босна и Херцеговина. Ова е прв официјален натпревар на оваа генерација. Нашите момчиња одиграа максимално дисциплинирано, а самиот натревар беше убава можност селекторот Вујадин Станојковиќ да ја види моменталната слика на играчите кои беа повикани.Во овој исклучително борбен натпревар македонските репрезентативци ја вложија сета своја сила до последниот свиреж на судијата. Единствениот погодок за селекцијата на Босна и Херцеговина го постигна Адис Смаиќ во 77 минута.
„Натреварот ги исполни моите очекувања. Одигравме макисмално дисциплинирано. Задоволен сум од борбеноста на фудбалерите. Тие ги исполнија сите поставени задачи. Заслужуваат пофалба за начинот на кој што ја одиграа средбата. Има перспектива во овие момчиња. Наше е да работиме и да ги усмериме на вистинскиот пат. “– изјави селекторот Станојковиќ
Македонија – Босна и Херцеговина 0:1 (0-0)
Македонија : Стевковски Христијан, Тодоровски Тодор, Тасев Димитар, Бурим Курти, Кировски Андреј, Стојменовски Оливер, Асдрен Мена, Делевски Христија, Јовановски Филип, Марковски Дејан, Трапановски Кристијан.
Составот на Босна и Херцеговина: Медан Ѓорге, Рељич Љубиша, Мандич Владан, Дедич Даво, Велич Армин, Тутунѓиев, Керим, Смајич Адис, Османович Елмин, Решич Сефкија, Хадзич Медин, Мехули Ерги .