Објавено на 02 Јуни, 2024 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и напаѓачот Александар Трајковски на официјална прес-конференција ги споделија очекувањата за утрешниот натпревар против Хрватска на стадионот “Рујевица” во Ријека.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
“Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“.
Александар Трајковски - репрезентативец на Македонија:
„Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември.“
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....