Меѓународен младински турнир во фудбал „Скопје 2014“

Објавено на 21 Јули, 2014 во Вести

Од 23. до 27. јули ќе се одржи првиот меѓународен младински турнир во фудбал под покровителство на Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија.

Свеченото отворање на турнирот  ќе се одржи на 23. јули во 20.00 часот на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.

На денешната прес конференција организаторите на настанот информираа за екипите учесници на турнирот, начинот на кои ќе се играат натпреварите и логистиката која ја добиваат од ФФМ и Градот Скопје.

„Конечно успеавме да ја реализираме идејата за силен младински турнир која одамна беше дел од нашитепланови . Благодарност на Фудбалската федрација на Македонија и Град Скопје за големата поддршка и за начинот на кој ја прифатија идејата. На турнирот ќе учествуваат 20 екипи, натпреварите ќе се играат во две групи на шест стадиони. Успеавме да издејствуваме големи екипи да бидат дел од првото издание на Скопје Куп 2014 и се надеваме дека секоја година ќе бидат побројни и ќе привлекуваме тимови од најсилните европски лиги,  изјави Влатко Неделковски, Претседател на Скопје Куп 2014.

Натпреварите ќе се играат на  терените во комплексот „Куќа на фудбалот“, на стадионите на ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Цементарница. Екипите од генерацијата 1997 година е поделена во две групи. Во групата „А “ се екипите на: ФК Охрид, ФК ЦСКА Софија (Бугарија), ФК Пелистер, ФК Шкендија и ФК Осјек (Хрватска). Во втората група се: ФК Вардар, ФК Војводина, ФК Академија Пандев, Селекција на град Скопје и Славија Софија (Бугарија)

Во конкуренцијата 1999 година и помлади ќе настапат 10 екипи. Во првата група се: Селекција на град Скопје, Партизан (Србија), Пелистер, Академија Пандев, ЦСКА Софија (Бугарија). Додека во втората група се тимовите на: Вардар, Осјек (Хрватска), Охрид, Шкендија и Реал Ниш (Србија).

По одигрувањето на групните натпревари, ќе бидат одиграни дуелите за пласман од 5 до 8 место, како и полуфиналите и финалните натревари. Според најавите двете финални пресметки ќе се одиграат на Националната арена „Филип Втори“ на 27. јули. 




   
   
А репрезентација