Масар Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани

Објавено на 22 Март, 2025 во Вести


Масар Омерагиќ - претседател на Фудбалска федерација на Македонија:

“Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. 

Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. 

Благодарност до сите. 

Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. 

Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. 

Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра - фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.

Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена”. 



   
   
А репрезентација