Мариот Гават - претставник на ФИФА: Горди сме на заедничките проекти со ФФМ

Објавено на 20 Април, 2024 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, регионалениот координатор на ФИФА за европските членки на Светската асоцијација, Марион Гават се обрати пред присутните. 

Во 1994 година, Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ФИФА како членка. Оваа година славиме триесет години од соработката меѓу нашите две институции. 30 години пријателство, 30 години одлична соработка, соработка за која сум сигурна дека ќе продолжи да расте и во иднина. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да подвлечам дека одличните односи на сите нивоа навистина се рефлектираат меѓу нашите раководства за развој на фудбалот во вашата прекрасна земја“.

„Уверени сме дека заедничката работа ќе има позитивно влијание за да го подигнеме фудбалот на повисоко ниво. Што се однесува до развојот на фудбалот, ФИФА е многу горда на бројните заеднички проекти што ги реализира со ФФМ во рамките на програмата ФИФА Форвард. Посебно сме задоволни што гледаме дека финансирањето на ФИФА е ефикасно насочено кон клучната компонента на фудбалскиот развој - инфраструктурата. Надградбата на капацитетите на тренинг центарот„Петер Милошевски“, вклучувајќи ги новите рефлектори и обновувањето на теренот, како и сместувањето за младинските академии на ФФМ, се јасен доказ за долгорочна визија и посветеност за негување таленти. Минатата година, ФИФА го започна третиот циклус на ФИФА Форвард, со што се зголемуваат средствата достапни за секоја асоцијација-членка од шест на осум милиони долари по циклус. Затоа, со нетрпение очекуваме да работиме рака под рака со ФФМ за да продолжиме да ги ставаме овие средства достапни за важни проекти за развој на фудбалот низ Македонија“.

Од спортски аспект, ви посакувам се најдобро во квалификациитена УЕФА за жени за ЕУРО 2025 против Молдавија на 31, мај и Летонија во јули. Се најдобро за вашата машка репрезентација, која ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија во Лига на нации во септември. За целата работа и силната соработка што ја споменав претходно, дозволете ми да ви се заблагодарам што рамо до рамо работевте заедно со нас во ФИФА и заедно се залагате за развојот на женскиот и машкиот фудбал насекаде и за сите“. 





   
   
А репрезентација