Објавено на 19 Февруари, 2021 во Вести
- „Во име на Фудбалската федерација на Македонија ви благодарам за наградата и признанието. 2020 година иако беше тешка година генерално насекаде низ светот поради пандемијата која сите се надеваме дека ќе заврши што поскоро, сепак беше најдобрата година во историјата на Македонскиот фудбал.
Одиме на Европско првенство затоа што таму ни е место, одиме на Европско првенство затоа што тоа е сонот на нашето детство. Наскоро верувам дека сите ќе го пееме рефренот од навивачката химна на Петар Младеновски и Сотирис Љолес, едни од нашите најголеми фанови.
Конечно и ние се израдувавме на пласман на Европско првенство што беше сон на секоја фудбалска генерација. Горди сме и со особено задоволство ни претставува чест да бидеме дел во овие историски моменти. Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручениот штаб да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажаа тоа, и постојано го докажуваат.
Но, нашата визија е да не застанеме тука, пласаманот на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Овој успех поставува нови стандарди на работа и професионалност, што ќе биде и главна мотивација и за новите генерации што доаѓааат и наша обврска како федерација е тоа да го негуваме креирајќи предуслови за развој на фудбалот во Република Македонија.
Преку стратешки и проектен пристап, како никогаш досега се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, каде градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини, модерни тренажни центри и услови за тренинг. Успехот истворемено е и обврска да се работи макотрпно и истиот да се надградува постојано, од најмалите категории, училишниот фудбал, детските лиги и академиите преку националните селекции.
Благодарност до сите оние кои не придржуваат во патот кон успехот, сите наши заинтересирани страни, со кои градиме партнерски однос, затоа што сите ние сме едно големо семејство.
Нашите златни момци не задолжија најмногу. Направија и продолжуваат да прават одлична промоција на Република Македонија, насекаде низ Европа. Сите тие заедно се и најголемиот доказ дека трудот, талентот, професионалсноста искреноста и максималното залагање насекаде се признава, и никој за тоа вето не може да ти стави, бидејќи крајниот резултат зависи само од тебе, тоа е одлика на победниците кои никогаш не бараат изговори, туку испорачуваат резултати.
Заедно со фудбалерите ќе дадеме сѐ од себе одново да ја израдуваме јавноста. За нашиот успех се заслужни фудбалерите, но и Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини кој го регенерираше крвотокот на македонскиот фудбал. Тој пат мора да се продолжи. Имаме федерација која секојдневно се грижи за развој на македонскиот фудбал, а немаше да го постигнеме и без посветена работа на поединците во телата и органите во федерацијата, а секако тоа се однесува и на сите клубови“.
Игор Ангеловски е избран за најдобар тренер / селектор на годината.
„Благодарност до фудбалерите. Тие се најзаслужни за успехот. Се надевам дека повторно ќе ја израдуваме јавноста и гордо ќе ја претставуваме нашата репрезентација и држава на Европското првенство. Ништо од ова немаше да биде возможно без моите најблиски кои се мој огромен мотив. Сопругата Тања, 25 години поддршка, и моите најмили Лука, Луна и Леа“.
"Жал ми е што не сум присутен во Македонија во моментов, па преку видео се заблагодарувам на оваа награда, благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда заслужни се сите во македонската селекција почнувајќи од селекторот па преку играчите до докторите, физиотерапевтите и економите затоа што создадовме семејство кое оствари сон на многу македонски генерации“