Објавено на 05 Октомври, 2019 во Вести
Македонската женска А репрезентација загуби од Србија во натпревар од Г групата од квалификациите за Европското првенство 2021 година. Гостинската репрезентација на тренинг центарот “Петар Милошевски” славеше со убедливи 6:0.
Македонија одигра под своето ниво, далеку послабо отколку во дуелот кој го добивме против Казахстан, а силната Србија целосно го искористи тоа. Головите беа дело на Благојевиќ, која стрелаше двапати, потоа на Филиповиќ, Вуковичќ исто двапати ја затресе мрежата на Македонија, а последниот гол беше дело на Стефановиќ.