Објавено на 26 Февруари, 2015 во Вести, До 19 год
Турската репрезентација го отвори резултатот од средбата со погодокот на Илмаз Хакан во 26. минута. Две минути подоцна домашната селекција го постигна и вториот погодок преку Индер Џенгиз. Третиот погодок за Турција го постигна Бабаџан Алперен во 34. минута. Нашата репрезентација преку Влатко Стојановски не реализираше пенал во 36. минута. Две минути подоцна Емил Абаз постигна гол за 3:1, резултат кој беше активен до 84. минута кога Актаи Фатих реализираше за Турција и го постави конечниот резултат.
Горан Станиќ, предводникот на репрезентацијата на Македонија натпреварот го започна во следниот состав: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Кристијан Каранфиловски (Давор Здравковски 57 минута), Дин Аломеровиќ (Иво Наумовски 74 минута), Дарко Дигаловски, Стефан Јефтовски, Емил Абаз, Саше Шопоски (Игор Перчинков 46 минута), Петар Петковски, Валентин Кочовски (Мартин Мирчевски), Влатко Стојановски (Филип Крстевски 46 минута).
Турција: Шенгезер Мухамед, Полат Саваш, Шенол Беркин Али, Бабаџан Алперен, Куруџаи Хасан, Аидоган Емирхан, Индер Џенгиз, Узфесли Алиџан, Палаз Огузџан, Каракоч Самед Мухамед, Илмаз Хакан Сабит.