Македонската репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево.

Објавено на 22 Февруари, 2024 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува  моменталната физичка форма на играчите пред претстојните предизвици.

Тренинг кампот на младата селекција на Македонија ќе трае до 25. февруари.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфилоски за моменталните подготовки во Кичево, ги повика следните фудбалери:

Антониј Трајковски   Работнички

Дарко Јовчев   Македонија Ѓ.П.

Александар Трајков   Академија Пандев

Енвер Фејзуловски   Пелистер

Мартин Џангаровски   Академија Пандев

Симон Крстев   Брегалница

Ристе Стоилов   Академија Пандев

Матео Кесиќ   Академија Пандев

Лука Варошановски   Академија Пандев

Лорен Жаку   Воска

Матеј Герасов   Работнички

Давид Ангелевски   Пелистер

Флорент Османи   Шкендија

Блерон Бајрами   Вардар

Алек Сиваков   Пелистер

Стефан Бујаровски   Вардар

Јован Мармачовски   Пелистер

Александар Грашески   Њу Старс

Бленди Ганиу   Шкупи

Габриел Талевски   Академија Пандев

Костантин Апостоловски   Работнички

Алесандро Грујоски   Лундс

Дени Османовски   Хлесинборг

Душан Бојовиќ   Вардар

Матеј Сејменов   Академија Пандев

Капитенот на нашата млада селекција на Македонија, Александар Грашески, даде свој коментар за досегашниот дел од зимските подготовки во Кичево.

- Имаме одлични услови и се тренираме напорно на овие подготовки, работиме со добра динамика и напредуваме во континуитет. 

-Владее позитивна атмосфера во репрезентацијата. Сите сме максимално фокусирано на овие припреми и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри.

-Верувам дека оваа генерација на фудбалери има квалитет и може да се надева на остварување на успех. Мораме да функционираме како еден колектив, само така можеме да оствариме и да направиме нешто големо.

-На есен не очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Имаме доволно време и можност да се подготвиме на највисоко ниво до тогаш.

- Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор и стручниот тим, подготовките течат во најдобар ред, сите заедни веруваме во успех.



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација