Објавено на 17 Октомври, 2022 во Вести, До 17 год жени
Во периодот од 17ти до 22ри октомври, 2022 г. ФФМ е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај домаќините Македонија учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.
На првиот натпреварувачки ден Македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4 - 0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.
На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.
На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:
Голмани:
Ангела Блажева, Ања Петрушевска
Одбрана:
Александра Ристевска, Јована Јованоска, Искра Смилевска, Мила Стојановска, Тамара Нешковска, Михаела Марковска
Среден ред:
Теодора Настова, Канита Емини, Теона Галабовска, Ева Величковска, Мила Панева, Сара Атанасовска, Јована Петровска
Напад:
Тајна Грозданоска, Меланија Грозданова, Андреа Коловска, Антонија Спиркоска
Следни натпревари на распоредот на турнирот се:
Македонија - Романија - 19.10.2022 г. (среда) - 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар
Косово - Чешка - 19.10.2022 г. (среда) - 12.00 часот / Стадион Маџари
Македонија - Чешка - 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар
Косово - Романија - 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари
Влезот на стадионите е бесплатен.
Сите натпревари можете да ги проследите во живо на ТВ платформата на ФФМ: tv.ffm.mk