Македонија со два пенали загуби од Чешка

Објавено на 10 Јуни, 2024 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. 

Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата Оченаш одлучи да покаже на белата точка. Прекинот траеше одредено време, имаше и тензија, но одлуката не беше променета. Предност за домашните донесе Патрик Шик во 60. минута.

Чешка беше многу поактивна во првото полувреме. Домаќинот се закани на стартот преку Шик, но топката заврши во корнер. Потоа се обиде и Хложек, а во 20. минута Муслиу спаси гол по ударот на Коуфал. Во 31. минута, Македонија првпат се закани кога по една мешаница шутираше Исник Алими, но само во рацете на Станек.

ЧЕШКА: Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта;

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Ашковски (77’ Димоски), Зајков (72' Серафимов), Делковски, Муслиу, Алиоски (89' Иљазовски), Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас (89' Ќамили), Трајковски (77’ Ристовски);




   
   
А репрезентација