Објавено на 13 Септември, 2023 во Вести
Фудбалската репрезентација на Македонија по ремито со Италија, забележа нов позитивен резултат, совладувајќи ја селекцијата на Малта со 2:0 на гостински терен.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот старт на мечот наметнаа своја игра, го притиснаа противникот на својата половина и постигнаа два гола до полувремето, и на тој начин го решија прашањето на победникот на денешната средба, оправдувајќи ја фаворитската улога.
Во 41. минута од натпреварот, извонредниот Јован Манев одлично бие со глава, по корнерот што го изведе нашиот капитен, за предност од 2:0 за Македонија.
Ова е втора победа на репрезентацијата предводена од селекторот Благоја Милевски во овие квалификации.
Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори....