Македонија поразена од Хрватска во Ријека

Објавено на 03 Јуни, 2024 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација претрпе пораз од Хрватска со резултат 3:0 на пријателскиот меч кој се одигра во Ријека.

Првиот погодок, домашните го постигнаа во 10. минута кога Мајер со прекрасен гол од слободан удар ги израдува навивачите на стадионот “Рујевица”. Истиот играч зголеми на 2-0 во 45 минута, додека потврда на победата стави нововлезениот Пашалиќ во 79 минута.

Нашата селекција имаше две добри прилики, преку Трајковски кој од одлична позиција шутираше покрај голот во првото полувреме и Муслиу по удар со глава од корнер, исто така во првиот дел.

Во продолжението, Македонија имаше мала иницијатива со обиди на Атанасов и Трајковски, но тоа не донесе погодок. “Коцкестите” рутински ја чуваа предноста.

Македонија: Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Езѓан Алиоски, Стефан Ашковски, Јани Атанасов, Исник Алими, Елиф Елмас, Александар Трајковски, Бојан Миовски; 



   
   
А репрезентација