Објавено на 22 Октомври, 2020 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години одигра 0:0 против соодветната репрезентација на Србија и на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Двајцата селектори направија многу замени во почетниот состав во однос на првиот натпревар, но погодоци сепак немаше ниту на возвратниот меч меѓу двете селекции. Добри прилики за погодок нашата селекција имаше преку Гуџуфи и Јаневски во првиот дел, а во второто полувреме Ерион Шуку беше во добра шанса, но не погоди. Гостинските фудбалери постигнаа погодок во вториот дел, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција.
Македонија до 17 години: 12. Васко Василев, 2. Никола Павлески, 3. Марко Ристов, 4. Бленд Зекири, 5. Енис Буки, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 14. Мирче Стоилов, 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драги Канатларовски.
Замени: 1. Стефан Тасев, 8. Матеј Ѓоргиев, 9. Левент Ибраим, 11. Матеј Ѓурчиновски, 13. Христијан Поп Антоски, 15. Борјан Попоски, 17. Марко Тренески, 18. Љорик Каба;
Србија до 17 години: 1. Матеја Премовиќ, 3. Бранислав Миланов, 5. Лазар Жакниќ, 8. Леонтије Васиќ, 11. Михајло Ивановиќ, 13. Ѓорге Гордиќ, 14. Никола Вукиќ, 16. Милош Маљукан, 17. Андреј Стефановиќ, 18. Лука Лабан, 19. Урош Миладиновиќ; Селектор: Саша Илиќ.
Замени: Стефан Лековиќ, Лика Дробњак, Урош Пауновиќ, Давор Ракиќ, Павле Огњановиќ, Лазар Каличанин, Вања Апостоловски, Никола Маринковиќ;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....