Македонија до 21 забележа минимална победа над Молдавија

Објавено на 11 Октомври, 2024 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година славеше победа со 2:1 против селекцијата на Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Нашата селекција ја забележа четвртата победа во овие квалификации. На тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над селекцијата на Молдавија.

Првиот  погодок на денешниот дуел беше дело на Бехар Фета во 11. минута. Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија. Противникот во следниот напад успеа да постигне погодок за намалување на нашата предност

Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација ќе игра против Грузија, на гостински терен, на 15. октомври.

Квалификации за пласман на ЕП;

Репрезентации до 21 година;

Македонија - Молдавија   2:1 (1:0)

Македонија: Алчевски, Фета, Џеков, Деспотовски, Фетаи, Рамадани, Рамани, Тодоровски, Крстевски, Трпчевски, Адеми;

Селектор: Драги Канатларовски;



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација