Македонија до 21 славеше победа над силната Полска

Објавено на 01 Јуни, 2024 во До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски уште еднаш докажаа дека може да се носат со силните и моќни репрезентации, како што беше и денешниот противник.

Македонија до 21 сосема заслужено се радуваше на победа на денешната средба.

Марио Илиевски во 44. минута ја донесе Македонија во предност од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лука Станковски стрела прецизно во 47. минута за предност од 2:0. Полска преку Борис во 84. минута го намали водството на Македонија и ги постави конечните 2:1.

На 5. јуни, селекцијата на Македонија до 21 година ќе одигра уште еден контролен натпревар против соодветната селекцика на Босна и Херцеговина.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација