Објавено на 16 Октомври, 2024 во Вести, До 21 год
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со пораз го заокружи квалификацискиот циклус за пласман на ЕП кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.
Во последното коло од групата Ц, избраниците на селекторот Драги Канатларовски беа поразени од Грузија со минимални 2:1. На стадионот “Рамаз Шенгелија“ во Кутаиси. нашите фудбалери имаа предност од 1:0, но Грузија направи комплетен пресврт и на крајот славеше победа за освојување на второто место во групата.
Исаки постигна убав погодок во 53. минута за предност на Македонија. Гордезиани во 61. минута погодува за израмнување на резултатот. Ломиназе во 71. минута постигнува погодок за комплетен пресврт и победа на Грузија.
Македонија до 21 година во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП го освои 4. место со 12 бодови.
Македонија: Алчевски, Деспотовски, Исаки, Златков, Хамзиќ, Рамадани, Рамани, Фета, Николов, Крстевски, Адеми;
Селектор: Драги Канатларовски;