Објавено на 15 Јуни, 2023 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје го одигра контролниот натпревар против соодветната селекција на Ерменија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во една од последните проверки пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП, одиграа нерешено 1:1 против репрезентацијата на Ерменија.
Во почетокот на првото полувреме видовме доста изедначена игра од свете страни, со многу борба и пожртвуваност на средината од теренот. Македонија во продолжението го засили темпото на игра и тоа резултираше со погодок во мрежата на противникот. Луан Абази на најдобар начин го искористи додавањето од Методи Максимов и погоди за предност на нашата репрезентација од 1:0. Мартин Талаков до крајот на првиот дел ја имаше најсериозната прилика за зголемување на предноста, но не успеа да погоди од идеална позиција.Репрезентацијата на Ерменија одлично го започна второто полувреме. Тоа резултираше со погодок за израмнување на резултатот. Стрелец на погодокот беше Калукјан во 53. минута од натпреварот. Нашите млади фудбалери до крајот на мечот притискаа и се обидуваа да постигнат погодок, но противникот успешно се одбрани.Контролен натпревар во Скопје;
Репрезентации до 21 година;
Македонија - Ерменија 1:1 (1:0)
Македонија: Иван Николоски (г), Марио Ричков, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Методи Максимов, Димитар Трајков, Иван Николов (к), Алекс Златков, Хамза Рамани, Мартин Талаков, Луан Абази;
Резерви: Марко Алчевски, Михаил Димитриевски, Решат Рамадани, Марио Илиевски, Бехар Фета, Матеј Ангелов, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Ване Крстевски, Димитар Тодоровски, Васко Василев;
Селектор: Драги Канатларовски;
Последниот контролен дуел, младата репрезентација на Македонија ќе го одигра на 20 јуни против соодветната селекција на Малта во 17. часот.