Објавено на 26 Март, 2024 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 2:0 од Шведска во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски речиси цело второ полувреме играа со играч помалку. Десниот бек Михаил Димитриевски во 47. минута заработи директен црвен картон откако невнимателно и остро стартуваше врз противнички играч.
Противникот успеа да го скрши нашиот отпор и во 67. минута го постигна првиот погодок. Розенгард со доза на среќа успеа да ја затресе нашата мрежа.
Вихелмсон во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.
Македонија и со играч помалку одигра добар натпревар, особено во дефанзивниот дел, но не можеше ништо повеќе со играч помалку.
Марио Илиевски и Хамза Рамани ги имаа двете најдобри можности на оваа средба за постигнување на погодок.
Швеѓаните со оваа победа се вратија во трката за пласман на Европското првенство.Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано две победи и четири порази.
Квалификациски турнир, национална арена „Тодор Порески";Репрезентации до 21 година;
Македонија - Шведска 0:2 (0:1)
МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Решат Рамадани, Стефан Деспотовски, Иван Николов, Марио Илиевски, Лука Станковски, Имран Фетси, Алекс Златков, Хамза Рамани;
Резерви: Стефан Митрев, Берат Калкан, Џемиљ Јахји, Матеј Ангелов, Ардијан Цилафи, Луан Абази, Ване Крстевски, Шабавн Зенку, Еркан Семовски;
Селектор: Тони Јакимовски;