Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Објавено на 06 Февруари, 2025 во Вести

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група.

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.

Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.

Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство , Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.

Горан Станиќ, селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година;

- Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни.

- Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација.

- Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалифкации.

- Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место.

- Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија.

Квалификациски групи за ЕП 2027 Албанија и Словенија;

Група A: Шпанија, Романија. Финска, Косово, Кипар, Сан Марино

Група БПортугалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар

Група ЦФранција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија

Група ДАнглија, Република Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора

Група ЕИталија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија

Група ФГерманија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Летонија, Малта

Група ГХоландија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговина

Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија

Група ИДанска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија




   
   
А репрезентација