Објавено на 05 Јуни, 2022 во Вести, До 21 год
Македонија одигра добро прво полувреме, не му дозволи на противникот посериозно да притисне и да се закани по нашиот гол. Во неколку наврати успеавме и да се заканиме по голот на противникот.
По една одлична акција, Украина во 69. минута, конечно, успеа да го отвори резултатот со погодокот на В’Иник. Веќе во следниот напад примивме и втор гол. Судаков успеа да искористи невнимание во нашата одбрана и погоди за 2:0.
До крајот на натпреварот Судаков постигна уште два гола за конечни 4:0.
Квалификациски циклус за пласман на ЕП во Романија и Грузија 2023;
Репрезентации до 21 година;
Група Х;
Македонија: Давид Денковски, Адријан Хајдари, Марио Младеновски, Јован Манев, Блертон Шеи, Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Сефер Емини, Лука Станковски, Кристијан Тасевски, Марио Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски;