Објавено на 01 Јуни, 2022 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска го имаше официјалниот тренинг во пресрет на предизвикот што ја очекува во последните две кола од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Нашата млада селекција тренираше на тренинг центарот „Петар Милошевски" и во одлично расположение го дочекува натпреварот против Ерменија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, утре силите ќе ги одмерат против селекцијата на Ерменија во натпревар од групата Х во рамките на квалификациите.
Нашите фубалери сакаат овој циклус да го затворат со добра игра и остварување на позитивен резултат.
Последниот меч од квалификациите го играме против Украина во Истанбул.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....