Македонија до 21 година: Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Израел и Црна Гора

Објавено на 04 Ноември, 2020 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Израел и на 17. ноември против Црна Гора (тренинг центар „Петар Милошевски“) ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);

ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Шибеник, Хрватска), Бојан ИЛИЕВСКИ (Пелистер), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер СТОЈМЕНОВСКИ (Борец);

СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Сплит), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија);

НАПАД: Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелистер), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРЃИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев);

- Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и секако ќе бараме победа. Во двата претходни меча игравме без тројца стандардни фудбалери од првиот состав, Ристовски, Серафимов и Фазлагиќ, а против Израел бевме и без Руфати. За дуелите кои следуваат повторно не можеме да сметаме на Ристовски и Фазлагиќ, но се враќаат Серафимов и Руфати. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10. Последен е Фарски Острови со шест бодови. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација