Македонија до 19 години (жени) се пласираше во Лига А за пласман на ЕП

Објавено на 09 Април, 2024 во Вести, До 19 год жени


Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.

Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0). Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А. 

На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија. 

Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко; 




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација