Македонија до 19 години одигра нерешено против ФК Тетекс, 3:3

Објавено на 18 Февруари, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19. години одигра 3:3 против прволигашот Тетекс на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски".

Тетовскиот прволигаш го отвори резултатот од натпреварот со погодокот на Христов во 30. минута. Шест минути подоцна селекцијата на Македонија израмни со голот на Влатко Стојановски. 1:1 беше резултатот на полувреме. По три минути од продолжението, Мартин Мирчевски погоди за Македонија и водство од 2:1, а во 78. минута Стефан Лазаревиќ постигна погодок за 3:1. Сепак, во последните пет минути од контролната пресметка, Тетекс успеа да постигне два гола преку Мурџески и Ослоновски и успеа да избегне пораз од составот на македонската репрезентација предводен од Горан Станиќ.

Македонија до 19: Илиќ Филип (46`Целески), Боцевски Слободан (53`Наумоски), Каранфиловски Христијан (60`Херрера С.), Аломеровиќ Дин (68` Лaзаревиќ), Дигаловски Дарко (63` Манчев), Јевтовски Стефан (57` Здравковски), Георгиев Боби (42` Крстевски), Шопоски Саше (57` Перчинков), Стојановски Влатко (46` Селмани), Мирчевски Мартин (65` Кочоски), Петковски Петар (60` Гомез М.)

Тетекс: Павлов, Попзлатанов, Атанаскоски, Мишковски, Стојкоски, Османовски, Филиповски, Мурџески, Чурлинов, Христов, Ослоновски.  Силјановски, Јордановски, Цветановски и Костадинов влегоа во игра.



   
   
А репрезентација