Објавено на 02 Септември, 2024 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 2 до 9 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево на кој ќе се темпира формата за претстојните квалификации што ја очекуваат нашата селекција во октомври.
Во склоп на самите подготовки во Кичево, нашите фудбалери ќе одиграат два контролни натпревари против младиот тим до 19 години на Струга Трим Љум.
Двата меча ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Струга, на 5 и 8 септември, со почеток во 16. часот.
Селекторот Вујадин Станојковиќ, за овој тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Славе Вргов А.П. Брера
Амар Хаџибулиќ Работнички
Спаско Ахтаров Беласица
ОДБРАНА:
Нуман Ајетовиќ Новаци
Габриел Крстевски Пелистер
Наим Синанов Варнамо, Шведска
Андреј Велков А.П. Брера
Бојан Ивчески Победа
Андреј Љубевски Работнички
Адриан Незир Арминија Билефелд, Германија
СРЕДЕН РЕД:
Никола Манојлов Работнички
Матеј Гаштаров Црвена Звезда, Србија
Давид Ристовски А.П. Брера
Милот Синани Арау, Швајцарија
Урон Алили Елбасани, Албанија
Дарко Сековски Вардар
Аљмир Подграѓа Работнички
НАПАД:
Димитар Данев Работнички
Адмир Љатифи Беса
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Андреј Силјаноски Пелистер
Веби Ислами Шкендија
Чагри Федаи Генчлербирлиги, Турција;