Објавено на 20 Ноември, 2022 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 18 години во вториот контролен дуел против соодветната селекција на Словачка успеа да слави победа со 3:1 на градскиот стадион во Штип.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа многу поквалитетно и подобро во однос на првата средба, сосема заслужено издвојуваа убедлива победа.
Првиот гол за Македонија го постигна Адриан Зенделовски во 44. минута од пенал. Теодор Николовски во 49. минута постигнува феноменален гол од 25. метри за зголемување на предноста. Во 53. минута, Словачка успеа да го намали резултатот. Во 78. минута Стоилевски ги постави конечните 3:1.
Македонија: Љупче Џеков, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Абиола Бамијоко, Теодор Николовски, Дестан Адили, Адриан Зенделовски, Хадис Таири, Фикрет Ливарека, Кире Стојанов, Хакија Цаноски;