Македонија до 17 години забележа победа над Естонија во последниот меч од квалификацискиот турнир во Исланд

Објавено на 05 Ноември, 2024 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години го забележа првиот триумф на квалификацискиот турнир во Исланд за пласман во следната елитна рунда квалификации.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски во третото коло забележаа победа над соодветната селекција на Естонија со 4:2. Македонија овој квалификациски турнир го заврши на третото место со 3 освоени бодови.

Играч на натпреварот беше младиот Стефан Бранковски, кој на оваа средба одигра извонредно и постигна три погодоци.

Првиот погодок за Македонија беше дело на Грашески во 19. минута. Бранковски во 28. минута погодува за 2:0. До крајот на првиот дел, нашите млади фудбалери со вториот гол на Бранковски стигнуваат и до убедлива предност од 3:0.

Во продолжението од средбата, Алама во 56. минута погодува за намалување на предноста. Бранковски во 76. минута го постигнува и својот трет погодок на денешната средба за враќање на убедливата предност. Во 90. минута, селекцијата на Естонија постигна почесен погодок за конечни 4:2.

Во вториот натпревар од нашата група, Исланд и Шпанија одиграа нерешено 2:2. 

МАКЕДОНИЈА: Трајков, Дамјановски, Стоилов, Кесиќ, Џангаровски, Јефтовски, Бајрами, Ангелевски, Грашески, Бранковски, Марковски;

Селектор: Раде Каранфилоски;

Во првото коло, Македонската селекција беше поразена од Исланд со 4:1. Во второто коло бевме убедливо поразени од Шпанија со 5:0.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација