Македонија до 17 години: Нерешено 1:1 против Малта на првиот контролен натпревар

Објавено на 15 Февруари, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Малта.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Тони Јакимоски одиграа под очекувањата и не успеаја да слават победа против селекцијата на Малта. Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Македонија во првиот дел не успеа да наметне своја игра, многу тешко успеваше да се закани по голот на противникот. Никола Величковски ја имаше најдобрата прилика за Македонија по првите 45. минути.

Во продолжението од средбата, репрезентацијата на Малта ја казни нашата слаба игра и успеа да поведе со 1:0. Стрелец на голот за гостите беше Сеан во 56. минута. Во 66. минута успеавме да го изедначиме резултатот. Одличното додавање на Ѓорѓиевски, успеа да го искористи Дестан Адили за 1:1. Веднаш по постигнатиот гол, нашите млади фудбалери преку Стојилевски не искористија одлична можност за постигнување гол и комплетен пресврт.

Контролен дуел, репрезентации до 17 години, Скопје;

Македонија - Малта 0:0 (1:1)

(0:1 Сеан 56'; 1:1 Дестан Адили 66';)

МакедонијаДавид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Умерфарук Сулејман, Мухамес Елмас, Зани Назифи;

РезервиДиел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;

СелекторТони Јакимоски;




   
   
А репрезентација