Објавено на 19 Октомври, 2020 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години (генерација 2004.) на 20. октомври (вторник) од 14:00 часот и на 22. октомври (четврток) во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Селекторот на нашата репрезентација, Драган Канатларовски за двата пријателски меча против нашиот сосед ќе смета на фудбалери од домашниот шампионат, со исклучок на голманот од Црвена Ѕвезда, Васко Василев.
Драган Канатларовски со следните фудбалери ќе се спротивстави на противникот:
Македонија до 17 години: Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Васко Василев (Црвена Ѕвезда, Србија); Одбрана: Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Бленд Зекири (Работнички), Енис Буки (Велазерими), Марко Ристов (Работнички), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Кристијан Поп Антевски (Победа); Среден ред: Борјан Поповски (Работнички), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Вардар), Ибраим Левент (Вардар), Матеј Ѓоргиев (Брегалница); Напад: Матеј Ѓурчиновски (Работнички), Марко Треневски (Њу Старс), Дашмир Елези (Шкендија), Бесарт Гуџуфи (Вардар), Ерион Шуку (Шкупи). Љорик Јакупи (Шкендија);
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....