Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против Азербејџан

Објавено на 12 Мај, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години на 16. и 18. мај против соодветната селекција на Азербејџан ќе одигра два контролни натпревари  на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на Македонија до 17 години Горан Станиќ за двете пресметки против Азербејџан ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар); Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Стефан Голабоски (Металург), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски ( Работнички), Ален Личина (Работнички), Христијан Стојановски (Работнички); Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Бојан Димовски (Вардар), Давид Манасиевски (Њу Старс), Кире Трпчевски (Њу Старс), Бесир Бефтијар (Теплице, Чешка), Џемал Ибизи (Металург), Александар Поповски (Металург), Агон Елези (Шкупи); Напад: Давид Тошевски (Работнички), Куштирм Таири (Шкендија);



   
   
А репрезентација